• петок, 05 декември 2025

Поддршка за измените на Законот за возила од Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика

Поддршка за измените на Законот за возила од Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, со кој се овозможува за посебни возила на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да се издаваат две или повеќе сообраќајни дозволи и регистарски таблици во случај кога тоа ќе го определи директорот на АНБ.

Во предвидениот рок не беа поднесени амандмани за предложените законски измени, претресот беше заклучен без дополнителна дискусија и Комисијата го проследи предлогот во натамошна собраниска процедура. 

Согласно образложението, предлогот не предизвикува дополнителни финансиски импликации и се оценува како целосно издржан.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, беше единствена точка на денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.свс/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан