• понеделник, 23 декември 2024

Поддржувачите на ерменската опозиција ги опколија владините згради во Ереван

Поддржувачите на ерменската опозиција ги опколија владините згради во Ереван
Ереван, 13 март 2021 (МИА) – Стотици приврзаници на опозицијата денеска ги опколија зградите на ерменската Влада во Ереван, повторно барајќи оставка од премиерот Никол Пашињан. Пашињан со месеци одбива да поднесе оставка поради мировниот договор што го постигна со Азербејџан во ноември, по понижувачкиот пораз во војната за регионот Нагорно Карабах, формално азербејџанска територија под контрола на ерменските сепаратисти. Демонстрантите, извикувајќи „Никол, предавнику“ и „Никол, оди си“, го опколија седиштето на Министерството за надворешни работи, каде што Пашињан денеска имаше состанок. Тие подоцна ја опколија резиденцијата на претседателот Армен Саркисјан, со кого Пашињан разговараше за можностите за ставање крај на политичката криза во земјата. Некои демонстранти се судрија со полицијата. Масовните демонстрации против Пашињан почнаа на 10 ноември, откако тој, со посредство на Русија, потпиша договор со Азербејџан за ставање крај на шестнеделната војна околу Нагорно Карабах, во која беа убиени повеќе од 6.000 луѓе. Со тој договор, Ерменија по повеќе од 25 години ја изгуби контролата над дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан. Пашинњан тврди дека договорот бил единствениот начин да се спречи азербејџанската армија да ја преземе контролата над целиот регион Нагорно Карабах. Тензиите ескалираа во февруари кога Генералштабот побара оставка од Пашињан, а тој одговори со отстранување на началникот на тоа тело на армијата, Оник Гаспарјан. Тој потоа поднесе судска жалба. За да се намали политичката криза, Пашињан понуди да се одржат предвремени парламентарни избори оваа година, но го одби барањето на опозицијата да се повлече пред гласањето. Пашињан (45) сè уште има поддршка од многу граѓани, и покрај поразот во војната против неговиот најголем ривал. Илјадници негови приврзаници демонстрираа неколку пати во последните неколку недели, изразувајќи му поддршка. јт/

Остани поврзан