• среда, 06 ноември 2024

Подготвителна сесија во Собранието со европратениците Шидер, Валсман и Ќучук за дијалогот Жан Моне

Подготвителна сесија во Собранието со европратениците Шидер, Валсман и Ќучук за дијалогот Жан Моне

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук беа во посета на Собранието на Северна Македонија, во рамките на процесот на Дијалогот Жан Моне. Целта на мисијата беше да се оцени напредокот во процесот на измена на Деловникот на Собранието и да направат подготовки за следната рунда на Дијалогот Жан Моне, наесен.

Фото/ Собрание

Како што информираат од Собранието, ко- фасилитаторите од Европскиот парламент на процесот на Дијалогот Жан Моне, Шидер, Валсман и Ќучук, на 20 и 21 јуни одржаа конструктивни средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, како и координаторите на пратеничките групи и други членови на Работната група од Собранието за учество на Дијалогот Жан Моне. Дводневните средби, како што посочуваат, поминаа во многу позитивна атмосфера.

Претседателот на Собранието, Џафери и европратениците Шидер, Валсман и Ќучук, заеднички изразиле задоволство од скорото завршувањето на процесот на измена на Деловникот на Собранието, благодарение на посветеноста на раководството на Собрание и членовите од целиот политички спектар.

Фото/ Собрание

-Раководството на Собранието и претставниците на пратеничките групи се согласија дека измените на Деловникот треба да бидат финализирани и усвоени што е можно поскоро, за да може Собранието да стане поефикасно, транспарентно и поефективно, исполнувајќи ги аспирациите на граѓаните. кон членството во ЕУ. Претседателот на Собранието Џафери и европратениците, исто така, се согласија дека следната рунда од Дијалогот Жан Моне може да се одржи наесен, во куќата на Жан Моне, во Базош, Франција, соопштија од Собранието.бт/аа/

Фото: Собрание

Остани поврзан