• среда, 25 декември 2024

Подгорица и Скопје со заедничка апликација за влез во Пејпал системот

Подгорица и Скопје со заедничка апликација за влез во Пејпал системот

Подгорица, 21 јули 2023 (МИА) - Црна Гора и Северна Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање Пејпал (PayPal), беше соопштено   на седницата на црногорската Влада.

Министерот за јавна администрација Дукај Мараш рече дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со македонскиот министер.

- Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Северна Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Северна Македонија да аплицираат за PayPal, што беше предложено од самата компанија, рече тој.

Мараш информира дека Пејпал предложил двете земји заедно да аплицираат за да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања, пренесуваат црногорските медиуми.

На Црна Гора во моментов и е овозможен PayPal трансфер на пари само во една насока, односно при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што претставува значајна бариера за сите оние кои планираат да работат онлајн. ссм/

Остани поврзан