• понеделник, 04 ноември 2024

Подводна еко акција за чистење на Охридското Езеро кај Струга

Подводна еко акција за чистење на Охридското Езеро кај Струга

Струга, 3 септември 2024 (МИА) - Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“ в сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга.

Целта, според најавата, е зачувување на природната убавина и богатство на Охридското Езеро и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина.

- Целта на оваа иницијатива е да се одржи чистотата и убавината на нашето природно наследство, а воедно и да се инспирираат локалните заедници и посетителите да преземат активна улога во заштитата на животната средина. Охридското Езеро е од непроценливо значење не само за локалното население, туку и за целата земја, и затоа е важно сите заедно да го зачуваме неговото здравје и убавина, се вели во соопштението на „Норкач“.

Во еко акцијата, како што најави клубот за подводни активности „Норкач“, ќе учествуваат и други нуркачки клубови од Македонија и Србија. Поддржувач на проектот, е друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.

Ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, организации и медиуми да се придружат и да ја поддржат оваа акција. сс/сст/

Фото: Клуб за подводни активности „Норкач“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан