• недела, 22 декември 2024

Погребот на кралицата Елизабета ќе биде на 19 септември

Погребот на кралицата Елизабета ќе биде на 19 септември
Лондон, 10 септември 2022 (МИА) – Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата. Пред државниот погреб, телото на кралицата ќе биде положено во Вестминстерската сала четири дена, за јавноста да може да и оддаде почит. Последниот член на кралското семејство чие тело беше изложено во јавност беше мајката на Елизабета, позната како „Кралица мајка“ во 2002 година. Во тоа време, повеќе од 200.000 луѓе стоеја во ред за да го видат нејзиниот ковчег. јт/

Остани поврзан