• понеделник, 23 декември 2024

Повторно се затвора Дизниленд во Хонг Конг

Повторно се затвора Дизниленд во Хонг Конг
Хонк Конг, 14 јули 2020 (МИА) - Забавниот Дизниленд парк во Хонг Конг повторно ќе биде привремено затворен, откако властите воведоа забрана за јавни собири на повеќе од четири лица. Властите во Хонг Конг вчера објавија нови мерки за заштита од коронавирусот, поради стравувањата од трет бран на епидемијата во градот. Рекреативниот парк ќе биде затворен утре, на неопределено време, но хотелите во рамки на комплексот ќе продолжат да работат под променети услови. Дизниленд во Хонг Конг беше затворен во јануари поради корона-пандемијата, а беше отворен минатиот месец, откако се намали бројот на пациенти. Според најновите податоци, 1.522 луѓе се заразени во градот од почетокот на пандемијата, а осум лица починале од Ковид-19.  си/сд/

Остани поврзан