• недела, 22 декември 2024

Повторно пад на цената на нафтата

Повторно пад на цената на нафтата

Њујорк, 20 септември 2022 (МИА) - Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се намалија под 91 долар за барел поради стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки во САД ќе предизвика рецесија, што ќе ја задуши побарувачката на нафта.

На лондонската берза цената на барел нафта за испорака во ноември се намали за 1,18 долари во споредба со вчера и се тргуваше за 90,82 долари.

На американската берза барел нафта за испорака во октомври поевтини за 1,31 долари и се тргуваше за 84,42 долари. Додека цената на барел нафта за испорака во ноември се намали за 1,33 долари во споредба со вчера и се тргуваше 84,03 долари. ми/

Тагови

Остани поврзан