• петок, 22 ноември 2024

Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула
Охрид, 9 август 2022 (МИА) - Повторно активиран пожарот меѓу охридските села Вапила и Сирула, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи. Според информацијата, пожарот се активирал околу 19 часот, но нема опасност по населението. - Пределот е карпест со ниска вегетација, но нема сериозна опасност за луѓе и материјални добра, теренот е непристапен. На лице место се присутни претставници од ДСЗ и вработени од јавното претпријатие Национални шуми, кои моментално вршат обиколки и проценка на состојбата, стои во информацијата на ЦУК. Претходно ЦУК излезе со информација дека пожарот е целосно изгаснат. Според јавното претпријатие Национални шуми, зафатена е поголема површина нискостеблеста дабова шума, а направената штета дополнително ќе ја проценуваат. сс/аа/  

Остани поврзан