• четврток, 26 март 2026

Повреден велосипедист на регионалниот пат Велес - езеро „Младост“

Повреден велосипедист на регионалниот  пат Велес - езеро „Младост“

Велес, 6 март 2025 (МИА) - Во СВР Велес било пријавено дека вчера околу 14.20 часот на Регионалниот Пат Р-1102 Велес кон Езеро „Младост“  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со  велешки регистарски ознаки, управувано од 66 годишниот П.А. од село Кумарино, велешко, и  велосипед „Кубе“ сопственост и управувано од 54 годишниот З.Ј. од Велес. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес,информира за МИА денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес

Според  информацијата од д-р Наталија Петровска од екипата на Итна помош која била повикана на настанот за укажување на прва помош, повредениот пациент се жалел на болки во ципата, колкот и глуждот на ногата. Тој добил прва медицинска помош, бил мобилизиран и во свесна состојба пренесен во Општа болница Велес.

Потпаролката на Општа болница Велес, д-р Билјана Босилкова го потврди приемот на пациентот во Хирушки амбуланти и соопшти дека по прегледите на Ј.З му биле назначени рентгенски снимања  од лекар специјалист хирург. Taa информира  дека по сите направени ренген испитувања и добиените резултати пациентот синоќа бил пратен на домашно лекување.

Несреќата се случи на угорницата која води кон велешко езеро „Младост“ која е омилено место за велосипедистите, но која по реконструкција на патот со банкини е многу стесната.

Велешките велосипедисти при реконструкциј на патот и години пред тоа бараа од надлежните  да се направи велосипедска патека на регионалниот пат Велес-Езеро „Младост“ но не беше направена.

Повредениот Зоран Јанев од Здружението „Велес Бајкинг“  за МИА информира дека од падот освен на нозете има болки и на главата,но за среќа во несреќата  поминал со полесни телесни повреди. Тој од свое и името на сите велосипедисти рекреативци апелира до сите возачи за внимателно возење бидејќи на овој пат кон велешко езеро „Младост“ освен возрасни возат и деца и млади. Потенцира дека  како и секогаш и вчера носел заштитна кацига и целосна опрема за заштита и видливост која е задолжителна  за велосипедистите, а посебно ноќе и да имаат  исправен  светлосен уред на велосипедот што е задолжително да се поседува посебно за ноќно возење.ад/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан