• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повредено 16-годишно момче при пукање на семејна веселба во Кичевско

Повредено 16-годишно момче при пукање на семејна веселба во Кичевско

Скопје, 22 јули 2025 (МИА) - Шеснаесетгодишно момче од кичевското село Стрелци било повредено на семејна веселба, откако Ф.Ф.(36) од пиштол испукал неколку куршуми, кои се одбиле од подот и го повредиле детето.

Несреќата се случила во дворот од семејната куќа. Момчето било пренесено во Општата болница во Кичево.

Како што соопшти МВР, утрово во 2:30 часот полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан