• вторник, 21 мај 2024

Повредено лице при пукање пред угостителски објект во Козле

Повредено лице при пукање пред угостителски објект во Козле
Скопје, 22 август 2022 (МИА) - Едно машко лице вчеравечер е повредено пред угостителски објект на улицата „Миле Поп Јорданов“ во скопската населба Козле. Лицето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА. - Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителски објект помеѓу Б.Ѓ(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лице, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ки/бак/

Остани поврзан