• вторник, 19 ноември 2024

Повредените при пукањето во „Ист гејт мол“ во релативно стабилна состојба

Повредените при пукањето во „Ист гејт мол“ во релативно стабилна состојба

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Двајцата повредени при вчерашното пукање во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“, се релативно стабилни, но нивната состојба се следи будно. Информацијата за МИА ја потврдија директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи.

Арсенков во изјава за МИА рече дека едниот пациент е во релативно стабилна состојба, сѐ уште е на апарати, утре ќе следува нова интервенција, поради карактерот на повредите, примарни настанати, мора да се направи уште една операција.

- Меѓутоа, уште е во животозагрозувачка состојба, додаде Арсенков.

Јакупи информира дека другото повредено лице е во стабилна состојба, на спонтатно дишење е, има стабилни витални параметри.

- Очекуваме така да продолжи. Се следи неговата состојба, нагласи Јакупи.

Две лица беа повредени, откако врз нив се пукало вчера попладне во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“.

Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето кое со огнено оружје пукало кон двете лица во „Ист гејт мол“. Ги повикува сите граѓани доколку го забележат или имаат какви било сознанија за него или корисна информација што може да помогне во истрагата, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан