• недела, 22 декември 2024

Повредата го спречи Кутињо да настапи на Копа Америка

Повредата го спречи Кутињо да настапи на Копа Америка
  Барселона, 6 април, 2021 (МИА) – Бразилскиот фудбалер и член на Барселона, Филипе Кутињо, дефинитивно нема да игра на Копа Америка во јуни поради повреда на коленото, изјави денеска лекарот на бразилскиот национален тим Родриго Ласмар. -Веќе можам да кажам дека нема да биде подготвен за Копа Америка, рече Ласмар, кој го оперираше Кутињо во понеделникот. Барселона преку соопштение потврди дека Кутињо е опериран, но не постави рок кога 28-годишниот играч за врска ќе се врати на теренот. Меѓутоа, зборовите на докторот Ласмар оставаат малку надеж дека ќе може да се врати на теренот до крајот на сезоната. Кутињо го повреди левото колено на 29 декември на првенствениот натпревар против Еибар. ег/

Остани поврзан