• петок, 22 ноември 2024

Повратникот од делчевско Тработивиште развива бизнис идеја за враќање кон сточарството

Повратникот од делчевско Тработивиште развива бизнис идеја за враќање кон сточарството

Делчево, 4 април 2024 (МИА) - Повратникот Денис Зекиров е добар пример  за развивање бизнис идеја, која има за цел враќање кон сточарството во родното село Тработивиште. Како повратник од Швајцарија кој сака да работи на реализацијата на својата идеја, неговиот план е отворање на земјоделска фарма во село Тработивиште. Споделувајќи ја информацијата со јавноста, Елвис Мемети, советник за имплементација на Декадата на Ромите информира дека Зекиров досега има купено 40 декари земја за сопствено прозиводство на сточна храна, 10 крави и во постапка е на набавка на уште 20 крави.

-Во постапка е регистрирањето на сопствен бизнис користејки ги поволностите од програмата на ИПАРД 8 и активните мерки за вработување. За една година се планира вработување на 4 лица и развој на фармата која ќе брои 40 крави и 80 овци, вели  Мемети, кој  го напомена Зекиров како пример за  инвестиција во Делчево, за која се очекува добар старт и напредок.

Мемети упати честитки за активистот Зоран Биковски кој, како што рече, преку најразлични форми на делување секогаш придонесува во потикнувањето, унапредувањето и подобрување на животот на поединци и групи Роми.

-Тука сме заедно да ја подржиме оваа идеја и се залагам да застапувам и да не само во Делчево, туку и во сите населени места како  Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Кавадарци, Неготино и други каде што ромското население работи во земјоделски дејности, додаде Мемети.

Една од главните цели на овој потфат како што додаде активистот Зоран Биковски е развивање на руралните средини преку поддршка на сточарите и домашно млеко на трпезите. вс/дма/


Фото: Зоран Биковски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан