• петок, 05 декември 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во вториот квартал од годинава во споредба со истиот квартал лани e зголемено за 33.8 проценти, а за 0.6 проценти во железничкиот, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 32.8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечие од годинава во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 984 000, во градско-приградскиот превоз 9023 000, во железничкиот превоз 47 000, а во воздухопловниот превоз изнесува 895 531.лв/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан