• вторник, 17 декември 2024

Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена

Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена

Лондон, 12 јануари 2023 (МИА) – Повеќе од 70.000 вработени во 150 универзитети ширум Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена меѓу февруари и март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на условите за работа, соопшти денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите.

Од синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да се договори за зголемување на платите, или во спротивно ќе се организира штрајк.

Генералниот секретар на Синдикатот на универзитетите и колеџите, Џо Грејди рече дека синдикатот бара зголемување на платите откако работодавците одобрија пораст од само три проценти во време кога инфлацијата е двоцифрена.

Во Велика Британија минатиот месец почна најголемиот бран штрајкови во последните децении во голем број сектори, вклучувајќи ги здравството, железничките и граничните служби, а работниците бараат зголемување на платите во согласност со инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните 40 години и достигна 10,7 отсто во ноември.

Британската Влада соопшти дека зголемувањето на платите во согласност со зголемената инфлација само ќе поттикне натамошно зголемување на цените и каматните стапки на отплатата на хипотеките. рп/

 

Остани поврзан