• петок, 22 ноември 2024

Повеќе од 6.000 екстремисти на Боко Харам во Нигерија се предадоа

Повеќе од 6.000 екстремисти на Боко Харам во Нигерија се предадоа
Лагос, 3 септември 2021 (МИА) - Околу 6.000 припадници на Боко Харам се предадоа во Нигерија во последните неколку недели, соопшти нигериската армија. Масовното дезертерство следеше по информацијата за смртта на лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау. Оваа информација тогаш ја објави лидерот на отцепената фракција ISWAP, велејќи дека Шекау се самоубил за време на борбата меѓу двете групи, активирајќи експлозив. Војната меѓу екстремистите и нигериската војска трае од 2009 година, а тензиите се проширија и во соседните држави Камерун, Нигер и Чад. Во конфликтот загинаа десетици илјади луѓе, а повеќе од 2,3 милиони беа раселени. паг/    

Остани поврзан