• среда, 15 мај 2024

Повеќе од 50 китови угинаа откако се насукаа на плажа во Австралија

Повеќе од 50 китови угинаа откако се насукаа на плажа во Австралија

Канбера, 26 јули 2023 (МИА) - Повеќе од 50 пилот-китови угинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица.

Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа оддалечена околу 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата.

„За жал, 51 кит угинаа во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија. Како што наведе, заедно со регистрираните доброволци и други организации, во текот на денот се обидува да ги врати во подлабоките води останатите 46 китови.

Пилот китовите се познати по своите силни социјални односи, па кога некој ќе се најде во неволја и ќе се насука, другите обично ги следат, тврдат поморските експерти. ссм/

фото: Јутјуб принтскрин

Остани поврзан