• петок, 05 декември 2025

Повеќе од 246 илјади граѓани го користат Системот за единствена најава на Министерството за дигитална трансформација

Повеќе од 246 илјади граѓани го користат Системот за единствена најава на Министерството за дигитална трансформација

Скопје, 6 јули 2025 (МИА) - Над 246 илјади граѓани во повеќе институции користат една мејл адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин, што е овозможено од Министерството за дигитална трансформација.

Како што соопшти Министерството, регистрирање на Системот за единствена најава (СЕН) е овозможено доколку е полнолетен граѓанин на Македонија или има регулиран престој согласно важечките законски прописи. При првата регистрација, граѓанинот автоматски станува и корисник на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

-Најнови институции кои го користат системот на единствена најава се Министерството за образование и наука во доменот на електронските услуги кои се нудат за учениците и студентите, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување и неколку други. Најлесен начин за регистрација е директно на Националниот портал за услуги - https://uslugi.gov.mk/user-profile или  https://eid.mk Граѓаните може и лично да се регистрираат со лично присуство и со важечка лична карта или пасош, во некој од центрите за услуги на Министерството, во Центар, Аеродром, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Охрид и Јегуновце, информира Министерството за дигитална трансформација. 

Додава и дека во наредниот период работи на приклучување на нови институции, општини, јавни претпријатија и приватни субјекти, „со што граѓаните нема да мора да паметат бројни различни лозинки за пристап, кориснички имиња и други потребни информации“. хс/

Фото: Министерство за дигитална трансформација

 

Остани поврзан