• петок, 22 ноември 2024

Повеќе од 15.000 мигранти пристигнале во Британија преку Ла Манш

Повеќе од 15.000 мигранти пристигнале во Британија преку Ла Манш

Лондон, 19 јули 2022 (МИА) - Повеќе од 15.000 мигранти пристигнале во Британија досега оваа година откако го преминале Ла Манш.

Според привремените владини податоци, од почетокот на 2022 година, 15.107 луѓе стигнале до бреговите на Велика Британија со чамци.

Преминувањата продолжија во понеделникот 11-ти ден по ред, при што 330 лица пристигнаа со седум чамци, покажуваат податоците на Министерството за одбрана.

Највисокиот дневен вкупен број за 2022 година досега е забележан на 13 април кога 651 лице поминале со 18 чамци.

Рекордни 1.185 луѓе преминале во Британија на 11 ноември 2021 година - највисока бројка забележана од почетокот на 2020 година.

Вкупно 28.526 луѓе преминале во 2021 година, во споредба со 8.466 во 2020 година, 1.843 во 2019 година и 299 во 2018 година, покажуваат официјалните владини податоци.

Податоците на Агенцијата за бегалци на ОН покажуваат дека најмалку 120.441 луѓе пристигнале во Европа преку Медитеранот по копно и море во 2021 година. паг/

Остани поврзан