• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од 110 ученици на натпревар „Креативноста на дело на идните фризери”

Повеќе од 110 ученици на натпревар „Креативноста на дело на идните фризери”

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - Во Младинскиот културен Центар во Скопје денеска ќе се одржи натпревар на 110 ученици од СУГС „Димитар Влахов“ и СУГС „Шаип Јусуф“ од прва, втора и трета година занимање фризер.

Натпреварот на кој учениците ќе се натпреваруваат во три категории и тоа: машко потстрижување, креативни фризури, свечени фризури и креативно обликување на коса, е организиран од Секцијата на фризери при Занаетчиска комора Скопје.

Целта на настанот, соопштија од Секцијата на фризери при Занаетчиска комора Скопје, е да се даде значење на стручното образование во образовниот систем, кој формално им овозможува на учениците да се стекнат со вештини и компетенции и им овозможува вработување по завршување во средното стручно образование. Со активно учество во образовниот процес на мајсторите и менторите занаетчии во оспособување на идниот кадар во струката, се додава, се добива иден квалитетен кадар спремен за вработување и самовработување.

- Стручното образование има задача да воспостави систем кој обезбедува висок квалитет на учење и можности за стекнување на квалификации (знаење, вештини и компетенции) во согласност со потребите на пазарот, да ја намали невработеноста, и ги задоволи потребите на пазарот на трудот со што ќе придонесе за економски, општествен и личен развој, се посочува во соопштението.

Настанот е од натпреварувачки карактер и за учениците се обезбедени награди. цр/

Фото: Секција на фризери при Занаетчиска комора Скопје

Остани поврзан