• петок, 22 ноември 2024

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници
Амстердам, 22 февруари 2022 (МИА) – Повеќе лица ја напуштија продавницата на Епл во центарот на Амстердам, каде вооружен напаѓач држи заложници, објави амстердамската полиција на Твитер, наведувајќи дека не дава повеќе информации за ситуацијата. Полициски единици се собраа пред продавницата, каде беше пријавено дека вооружен напаѓач зел заложник. Претходно полицијата на Твитер напиша дека во продавницата има „некој со оружје“, а на локацијата се и бројни специјализирани полициски единици „со цел ја стават ситуацијата под контрола“. Полицијата соопшти дека дава малку информации за ситуацијата во продавницата за да не се наруши истрагата и работата на нејзините припадници на лице место. Квартот околу продавницата е изолиран. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан