• понеделник, 13 мај 2024

Победнички крај на Академија ФМП во БИБЛ лигата

Победнички крај на Академија ФМП во БИБЛ лигата
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Кошаркарите на Академија ФМП триумфираа вечерва во Скопје против бугарски Берое со 77:75 и со победа го завршија својот дебитантски настап во регионалната БИБЛ лига. Македонскиот претставник ја совлада екипата од Стара Загора со одлично одиграно второ полувреме, откако бугарскиот состав водеше по првиот дел со предност од 13 поени, 44:31. Премиерниот настап во регионалното натпреварување Академија ФМП го заврши со ефект од две победи и шест порази, и сега ќе се фокусира на обврските во домашното првенство и куп натпреварите. Вториот македонски претставник, ТФТ Скопје, идната недела ќе го игра решавачкиот натпревар за пласман во втората фаза на БИБЛ, а за противник ќе има уште една екипа од Бугарија, Балкан од Ботевград. ег/сст/

Остани поврзан