Победа на последната контрола за македонските ракометари
- Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15.јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка
Хернинг, 13.јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15.јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36:27 (14:13).
Ова беше последната контрола, а на претходно македонските ракометари имаа пораз од Хрватска, победи против Бахреин и Украина и нерешен резултат против Швајцарија.
Во првиот дуел од Европското првенство македонските ракометари во петок од 20:30 часот играат против првиот фаворит на шампионатот и еден од домаќините селекцијата на Данска. мн/
Фото: РФМ