• среда, 14 јануари 2026

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија

Хернинг, 16.јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство во петок игра против ко-домаќинот Данска. Европската ракометна федерација веќе ги делегираше и судиите за првата рунда.

Дуелот меѓу Данска и Македонија на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија. Мн/

Фото: РФМ

Остани поврзан