• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Победа и пораз за Ѓорческа на ИТФ турнирот во Грузија

Победа и пораз за Ѓорческа на ИТФ турнирот во Грузија

Лопота, 1 мај 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес одигра два маратонски меча на ИТФ фјучрс турнирот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Македонката одигра вкупно шест сета и мина 4 часа и 30 минути игра на терените, притоа постигна победа во двојки и пораз во сингл конкуренција.

Во второто коло од поединечна конкуренција Ѓорческа загуби од Анастасија Тихонова од Русија со 2:1 во сетови (6:7(3), 6:4 и 6:4). Првиот сет македонската тенисерка го доби во тај брејкот, а во следните два ривалката беше поуспешна со 6:4 во гемови.

Во игра на двојки Лина заедно со домашната тенисерка Екатерине Горгодзе (Грузија) ги победија првите носителки Мартина Кубка (Полска) и Лиса Заар (Шведска) со 2:1 во сетови (4:6, 7:6(5) и 10:5 на поени). 

Во следната рунда во четвртфиналето утре Ѓорческа и Горгодзе ќе играат против Зозија Кардава (Грузија) и Уладизислава Зверава (Русија). зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан