• недела, 22 декември 2024

Победа и пораз за македонските фудбалерки во дуелите со Молдавија

Победа и пораз за македонските фудбалерки во дуелите со Молдавија


Банско, 30 октомври 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација оствари половичен успех во двата контролни натпревари кои ги одигра против Молдавија во рамки на тренинг кампот во бугарскиот град Банско, објави денеска ФФМ.
Македонските фудбалерки забележаа победа од 1:0 на првиот дуелот со гол на Улза Максути, додека молдавската репрезентација со истиот резултат запиша победа на реванш натпреварот.
Избраничките на селекторот Александар Андов го искористија овој ФИФА прозорец за подготовка за квалификацискиот циклус за женската Лига на нации и европските квалификации за 2026 година кои почнуваат во февруари следната година.
Извлекувањето на групите е закажано на 7. ноември во седиштето на УЕФА во Нион. ег

ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан