• сабота, 06 декември 2025

Победа во првото коло за Ѓорческа на турнир во Германија

Победа во првото коло за Ѓорческа на турнир во Германија

Ашафенбург, 9.јули 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото коло на ИТФ турнирот во германскиот град Ашафенбург. Таа ја совлада Германката Јоси Димс со 2:0 во сетови (6:3; 7:6(5)) за 100 минути игра.

Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6:3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до 6:6 во гемови. Во тај брејкот Ѓорческа поведе со 4:1 на поени, а потоа и со 6:3 за да ја искористи третата меч топка.

Во второ коло Ѓорческа ќе игра против втората носителка на турнирот Тара Вурт од Хрватска, која денеска ја победи Германката Теса Јохана Брокман со 2:0 во сетови.  мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан