Побарана десетмесечна казна затвор за Бензема
- Обвинителството во Париз побара денеска 10 месеци условна казна затвор за фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, обвинет за соучесништво во обид за уцена на неговиот поранешен репрезентати
Париз, 21 октомври 2021 (МИА) – Обвинителството во Париз побара денеска 10 месеци условна казна затвор за фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, обвинет за соучесништво во обид за уцена на неговиот поранешен репрезентативен колега Метју Валбуена во „аферата секстејп“.
Обвинителството побара и парична казна во износ од 75.000 евра за францускиот напаѓач.
- Бензема не бил добар Самариќанец, кој дошол да помогне. Тој им дозволил на преговарачите до дојдат до крајот и на уценувачите да ги допрат парите, истакна обвинителката Сеголен Марес.
- Тој бил вклучен во овој тим, вклучен во овој проект на уцена поради интимно видео, додаде обвинителката.
Бензема, кој оваа година е еден од најголемите кандидати за „Златната топка“, е обвинет дека бил поттикнат од уценувачи да го наговори Валбуена да плати околу 100.000 евра за негова наводна секс снимка со цел таа не биде објавена во јавноста.
Пресудата се очекува да биде објавена утре, пренесоа француските медиуми. ег/паг/