• среда, 03 јули 2024

ПМФЛ: „Ренова“ го совлада „Силекс“

ПМФЛ: „Ренова“ го совлада „Силекс“
Скопје, 17 април 2021 (МИА) – Фудбалерите на „Ренова“ извојуваа важна победа во битката да го задржат прволигашкиот статус, триумфирајќи попладнево на домашен терен над директниот конкурент „Силекс“ со 2:1 во премиерниот натпревар од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Победата на Ренова ја донесоа Шефити во 12 минута и Јусуфи во 38 минута, а Силекс до крајот на натпреварот успеа само да постигне почесен гол преку Галевски (90). Преостанатите пет натпревари од 28. коло се играат в недела, а двојките се Академија Пандев – Вардар, Беласица – Шкендија, Борец – Шкупи, Работнички – Македонија ЃП и Струга Трим – Пелистер. Табела: Шкендија 62, Шкупи 49, Македонија ЃП 47, Струга Трим 41, Работнички 40, Пелистер 35, Борец 33, Академија Пандев 31, Ренова 30, Силекс 29, Вардар 28, Беласица 17. ег/бак/

Остани поврзан