• среда, 15 мај 2024

ПМФЛ: По бод за Брегалница и Шкендија

ПМФЛ: По бод за Брегалница и Шкендија

Штип, 25 ноември 2023 (МИА) – Во воведниот натпревар од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Брегалница и Шкендија попладнево во Штип одиграа нерешено 2-2 (0-1).

Шкендија поведе со голот на Елези во 22 минута, а домаќините го израмнија резултатот преку Велкоски (54 минута). Аганспахиќ го врати гостинскиот тим во водство во 68 минута, а пет минути подоцна Брегалница остана со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Робакидѕе.

Сепак, домаќините и со играч помалку дојдоа до израмнување во 86 минута со погодокот на Ѓорѓиев

Прволигашкото коло ќе се комплетира в недела преостанатите пет дуели меѓу Работнички – Гостивар, Шкупи – Македонија ЃП, Силекс – Вардар, Струга – Воска и Тиквеш – Брера.

Табела: Шкендија 29, Шкупи 28, Струга 27, Силекс 23, Брера 19, Работнички 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 15, Вардар 11. ег/мд/

Фото: ФФМ

Остани поврзан