• вторник, 23 јули 2024

Плукањето противнички играч ќе го чини Турам 40 илјади евра и суспензија на шест натпревари

Плукањето противнички играч ќе го чини Турам 40 илјади евра и суспензија на шест натпревари
Берлин, 22 декември 2020 (МИА) - Германскиот фудбалски сојуз му изрече ригорозна казна на Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах кој плукна во лицето на противнички играч во 13. коло од Бундеслигата на средбата со Хофенхајм (1:2) и доби црвен картон. Одлуката на дисциплинската комисија e дисквалификација на играчот за следните шест натпревари, како и парична казна од 40 илјади евра. Покрај тоа, клубот му ја одзеде месечната плата на францускиот напаѓач, која според „Билд“ изнесува 150 илјади евра и ќе биде донирана во добротворни цели. Турам одигра 13 натпревари оваа сезона во Бундеслигата, постигна два гола и направи една асистенција. зс/

Остани поврзан