• четврток, 19 декември 2024

Пленковиќ: Односите со Србија се уште се оптоварени со отворени прашања

Пленковиќ: Односите со Србија се уште се оптоварени со отворени прашања

Загреб, 28 јули 2023 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Опатија изјави дека односите со Србија се оптоварени со бројни отворени прашања од минатото, но оти постои интерес за подобрување на економските односи.

На прашањето какви се според него сегашните односи со Србија, Пленковиќ одговори дека „тие се оптоварени со бројни отворени прашања што останале од времето на агресијата на Милошевиќ против Хрватска“, јави хрватската телевизија Н1.

- Имаме интерес и да ги подобриме економските односи, да имаме хрватски компании во Србија кои работат на тој пазар, како и нивни компании овде, рече Пленковиќ, пренесе Бета. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан