• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Плеврис: Крит е под огромен притисок од мигранти од Источниот брег и сакаме да го спречиме тоа

Плеврис: Крит е под огромен притисок од мигранти од Источниот брег и сакаме да го спречиме тоа

Атина, 8 јули 2025 (МИА) – Грчкиот министер за миграција и азил, Танос Плеврис, денеска од Либија испрати порака дека ЕУ сака да соработува и да ѝ помогне на оваа земја да ги контролира мигрантските бранови, но и призна дека грчкиот остров Крит е под огромен притисок, што треба да се спречи, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис е во посета на Либија заедно со делегација на Европската Унија предводена од еврокомесарот за миграција Магнус Брунер.

- Тука сме, делегација на ЕУ, со комесарот Брунер. Сакаме да испратиме јасна порака дека ќе ѝ помогнеме на Либија да ги задржи нелегалните имигранти, да ги спречи заминувањата кон ЕУ и во исто време да се вратат нелегалните имигранти назад во нивната татковина. Ќе соработуваме во оваа насока. Крит е под огромен притисок од Источниот брег и сакаме да го спречиме ова, истакна Плеврис.

Според извори од Министерството за миграција и азил на Грција делегацијата имала прва средба во Триполи со Владата на национално единство на Либија, a втората средба е планирана во Бенгази со Калифа Хафтар.

Во изминатите денови Грција се соочува со зголемени мигрантските бранови од Либија и стотици бегалци и мигранти на островите Крит и Гавдос што се наоѓаат на југот на земјата. ср/сд/

Фото: Архива

Остани поврзан