• четврток, 26 март 2026

Платата на Сака би можела да се зголеми на 343.000 евра неделно

Платата на Сака би можела да се зголеми на 343.000 евра неделно

Лондон, 28 октомври 2025 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал е блиску до продолжување на договорот со напаѓачот Букајо Сака.

Според „Фудбал инсајдер“, ажурираните услови на договорот би можеле да го направат 24-годишниот Англичанец најплатен играч во историјата на Арсенал, со заработка од приближно 343.000 евра неделно.

Договорот треба да биде продолжен за пет години. Преговорите напредуваат добро.

Тековниот договор на фудбалерот истекува на 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, Сака постигна три гола на 10 натпревари.

„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 140 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан