Планинарите од „Љуботен“ традиционално во новата година прво го искачија врвот Љуботен
- Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина. Станува збор за интерна

Тетово, 2 јануари 2022 (МИА)- Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина. Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само група на најподготвени и најискусни планинари.
-Денес традиционално љуботенки и љуботенци се упатија на врвот Љуботен да ја отворат шарпланинската порта. Аманетот оставен од нашите предци е испочитуван достоинствено. Почитувајте ја планината затоа што таа е извор на животот, информираат од ПК Љуботен.
Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.ас/лв/

Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.ас/лв/