• петок, 22 ноември 2024

Плакета за велнес-шампионката Акиевска од градоначалникот на Крива Паланка

Плакета за велнес-шампионката Акиевска од градоначалникот на Крива Паланка
Крива Паланка, 15 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, оствари средба со светската јуниорска и апсолутна сениорска велнес-шампионка Мери Акиевска и нејзиниот тренер Бобан Ѓороски.
На Светското првенство одржано во Санта Сузана (Шпанија) на кое учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи, Мери Акиевска беше убедливо најдобра, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција.
- Во знак на постигнатиот успех и доделив плакета на нашата сограѓанка, Акиевска, со која и јас лично, сите кривопаланчани и целата македонска јавност се гордеат деновиве. И посакав успех во понатамошниот период во кој ќе бидеме тука за неа, изјави градоначалникот Митовски.
Мери Акиевска е родена во Крива Паланка и е студент на Факулетот за туризам и менаџмент во Скопје. Веќе четири години професионално тренира бодибилдинг. ид/фф/

Остани поврзан