Пијан и без возачка возел во струшко Враништа, полицијата го одзела автомобилот
- Со 1,77 промили алкохол во крвта и без положен возачки испит 28-годишен жител на селото Враништа управувал автомобил, полицијата го одзела возилото, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 10 март 2026 (МИА) - Со 1,77 промили алкохол во крвта и без положен возачки испит 28-годишен жител на селото Враништа управувал автомобил, полицијата го одзела возилото, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 19 часот и 50 минути во струшкото село Враништа, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишиле од слобода Н.Д.(28) од истото село.
- При контрола на регионалниот пат Враништа-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положен возачки испит за Б категорија и дека го управувал возилото и со 1,77 промили алкохол во крвта, стои во информацијата.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/дма/
Фото: МИА архива