• петок, 10 мај 2024

Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа во Германија

Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа во Германија

Милхаузен, 25 декември 2023 (МИА) - Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.

Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење.

Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил - одземена му е и возачката дозвола.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан