• понеделник, 25 ноември 2024

Пицула: СДСМ го избра вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени

Пицула: СДСМ го избра вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени
Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) - Хрватскиот европратеник Тонино Пицула преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави одржувањето на онлајн конгресот на СДСМ и донесувањето на одлука за целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените во органите и телата на партијата. - Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои денес одржаа дигитален конгрес. Го избраа вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени и да се оди напред. Ја поздравувам силната иницијатива за клучното учество на жените и на младите при донесувањето на одлуки, напиша Пицула на Твитер. бак/ац/

Остани поврзан