• недела, 22 декември 2024

Писонеро: Усогласеност со надворешната политика на ЕУ меѓу условите за исплата на средства од Планот за раст на ЗБ 

Писонеро: Усогласеност со надворешната политика на ЕУ меѓу условите за исплата на средства од Планот за раст на ЗБ 

Брисел, 5 септември 2024 (МИА) - Исплатата на средства од Инструментот за раст и реформи за Западниот Балкан на земјите од регионот ќе зависи од успешната имплементација на реформите усогласени со Европската комисија и утврдени во реформските агенди, меѓу кои е и усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, изјави денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро. 

- Како што знаете тие реформи ги опфаќаат и социо-економската сфера и областа на фундаменталните вредности, истакна Писонеро. 

Таа нагласи дека во реформските агенди ќе бидат наведени и реформи и конкретни чекори што ќе треба да ги исполнат земјите од Западниот Балкан за усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, додавајќи дека за неисполнување на предвиденото ќе има последици. 

Според Писонеро, Европската комисија во моментов ги анализира реформските агенди доставени од земјите партнери од Западниот Балкан и пред да ги одобри ќе се консултира со земјите членки. 

- Тоа допрва треба да се направи. Постапката е во тек, потенцира Писонеро. сп/ 

Фото: Скриншот 

Остани поврзан