• сабота, 06 јули 2024

Пирло за победата над Џенова: Требаше да го извадиме натпреварот против Барселона од нашите глави

Пирло за победата над Џенова: Требаше да го извадиме натпреварот против Барселона од нашите глави
Џенова, 13 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ја коментираше победата над Џенова во мечот од 11. коло на италијанскиот шампионат (3:1). - Ставот е најважната работа. Мечот со Барселона мораше да го исфрлиме од нашите глави. Игравме против тим кој сакаше да се затвори и само да се брани, па ни требаше трпеливост и правилен став да нападнеме и да направиме да грешат. Беше непријатно да се прими гол буквално по првиот удар кон нашиот гол, но брзо се соземавме и ја исполнивме целта, изјави Пирло. Јувентус по 11. коло се искачи на 4. место на табелата во Серија А со 23 бода. зс/

Остани поврзан