• петок, 05 декември 2025

Пирати упаднаа на танкер во близина на брегот на Сомалија

Пирати упаднаа на танкер во близина на брегот на Сомалија

Могадишу, 6 ноември 2025 (МИА) – Пирати денеска упаднаа на танкер, што плови под знаме на Малта, во близина на брегот на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Ембри“ (Ambrey).

Пиратите со глисер се приближиле до танкерот и отвориле оган. Тие дејствувале од киднапиран ирански брод.

Танкерот пловел од Сика, Индија до Дурбан, Јужна Африка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан