• вторник, 10 септември 2024

Пиоли би можел да стане следниот тренер на Роналдо

Пиоли би можел да стане следниот тренер на Роналдо

Ријад, 10 септември 2024 (МИА) - Италијанецот Стефано Пиоли ќе стане нов тренер на саудиски Ал-Наср, пренесе „Оказ спорт“.

Според изворот, Луис Кастро, кој моментално го води тимот, наскоро ќе го напушти клубот.

Ал-Наср оваа сезона во лигата на Саудиска Арабија ја започна со победа и реми, со што „шеиците“ се моментално на 5. место во поредокот.

Исто така Роналдо и компанија беа прегазени од Ал-Хилал со 1:4 во мечот за Суперкупот.

Пиоли е без работа од крајот на минатата сезона, кога последен пат го водеше италијанскиот Милан во периодот 2019-2024 година. „Росонерите“ го постигнаа најголемиот успех во последната деценија, откако ја освоија „Серија А“ за прв пат по 2011 година, а во следната кампања 2022/2023 стигнаа до 1/2-финалето во Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан