• четврток, 21 ноември 2024

Пингпонгарите од Пехчево добија донација од Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип

Пингпонгарите од Пехчево добија донација од Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип

Пехчево, 9 ноември 2024 (МИА) - Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип донираше пинг понг опрема за пехчевските пингпонгари. Активноста се реализира преку проектот Направи Разлика поддржан од УСАИД. 

Оваа општина како што истакна претставникот на Фондацијата Невенка Лонгурова Гирова е една од 9 општини кои влезе во програмата од проектот, а донацијата произлезе како резултат на потребите на младите од оваа општина.

 -Идејата произлезе од првата средба со младите бидејки имаме механизми за консултација со младите и некои други активности за јакнење на капацитетите. Колеџот на заедницата е еден од тие механизми и преку него тие што имаат некоја идеја, што имаат некоја желба да искористат е да предложат до самата заедница. На таа средба беше посочено дека имаат потреба од маси за пинг понг кои во соработка со Општината ги набавивме, истакна Лонгурова Гирова.

Со донацијата како што додаде градоначалникот Александар Китански ќе се им се овозможи на понгпонгарите повторно да тренираат во својот роден град.

-Ги охрабрувам и другите граѓани да се вклучат во давање на уште вакви идеи кои се остварливи за развој на нивната општина., додаде Китански.

Пинг-понг масите веќе се ставени во функција, а на истите тренираат членови на пинг-понгарскиот  клуб Зегин. 

-Јас сум Димитар Парасков, претходно тренирав е во Берово, а сега со овие маси ќе биде подобро бидејки ќе може да тренираме дома, истакна младиот пехчевски пингпонгари.

Од Општината во соработка со Фондацијата најавија понатамошна соработка со реализација на вакви и слични проекти и во иднина. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан