• четврток, 18 јули 2024

Пингпонгарите на Крива Паланка апсолутни победници во јуниорската лига

Пингпонгарите на Крива Паланка апсолутни победници во јуниорската лига
Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Јуниорските екипи на Крива Паланка доминираа на финалните натпревари во рамките на јуниорската лига  и успешно ги одбранија минатогодишните титули како јуниорски победници во јуниорската лига. Јуниорите на Крива Паланка беа поуспешни во финалето од екипата на Крушево совладувајќи ги тесно со 3:2 во неизвесен натпревар. Јуниорките на Крива Паланка во финалето извојуваа победа над Крушево со 3:1 Кај јуниорите Крива Паланка беше подобра од Астраион од Струмица, додека Крушевчани славеа во натпреварот против Пелагонија од Битола. Пласман Јуниори: 1. Крива Паланка 2. Крушево 3. Астраион 4. Пелагонија 5. Куманово 6. Шампион ФА 7. Зегин Берово 8. Вардар Пласман Јуниорки: 1. Крива Паланка 2. Крушево 3. Крушево 2 4. Зегин Берово. зс/

Остани поврзан