• понеделник, 19 јануари 2026

„Пивтијада“ по 20-ти пат во Куманово

„Пивтијада“ по 20-ти пат во Куманово
Куманово, 19 јануари 2022 (МИА) - По 20-ти пат во Куманово денеска се одржа традиционалната манифестација „Пивтијада“ во организација на мултимедијалниот центар „Карпино“. На манифестацијата учествуваа 15 домаќинки кои се натпреваруваа во подготовка на зимскиот специјлитет пивтија.
Зоран Павловски од мултимедијалниот центар истакна дека манифестацијата почнала со една чинија пивтија и меѓусебен натпревар кој поубаво ја подготвува пивтијата. Посочи дека ова е една од ретките манифестации која треа две децении.
– Има над 15 учесници и го брендира градот Куманово како град каде пивтијата е на пиедесталот заедно со другите два производи, суџук и мезалк. Не успеавме да ги споиме во тридневна манифестација која би се нарекла „зимска шема“, но еве некоја нова генерација можеби тоа ќе го направи. Изминативе години подготвивме и пивтија за Гинис, учествувавме на регионални натпревари, освојувавем први места, изјави Павловски.
Здружението подели плакети и благодарници за поддржувачите, учесниците, спонозрите, членовите на здружението, општината.
Кумановскиот градоначалнк, Максим Димитриевски рече дека маниефстацијата, која е традиционална, ги спојува сите кумановци.
-„Пивтијадата“ е една традиција која се негува во Куманово и јас најпрвин сакам да се заблагодарам на сите луѓе од Мултимедијалниот центар „Карпино“ кои се одважија да ја организираат оваа манифестација, а исто така и на сите учеснички на оваа манифестација, бидејќи исклучувајќи го Влајко, претежно се дами кои се натпреваруваат, изјави Димитриевски.
Долгогодишниот готвач, сега во пензија и член на стручно жири кое ги оценуваше пивтиите, Влајко Петковски вели дека за подготовка на пивтијата потребно е тивко варење на месото, избалансирана количина на лук и сол.
- Пивтијата треба да е проѕирна без маснотии. Ние оценуваме бистрина, цврстина, сол и лук. Неприфатливи се моркови, јајца. Сега се е сменето, нашите стари ги чувале во визбите по недела ден, вели Петковски.
Учесничките потенцираа дека е важно пивтиите да се варат на тивко. Дел од нив посочија дека и млади домаќинки го готват ова зимско јадење.ам/фф/

Остани поврзан