• вторник, 17 февруари 2026

Пешак загина во сообраќајна несреќа во близина на Струга

Пешак загина во сообраќајна несреќа во близина на Струга

Струга, 16 февруари 2026 (МИА) - Пешак загина утрово во сообраќајна незгода на магистралниот пат Подмоље - Струга, соопшти СВР Охрид.

Според соопштението, во 6.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Подмоље - Струга, товарно возило „ман“, управувано од А. А. (52) од Република Албанија, удрило во пешакот У. Д. (75) од струшкото село Ливада.

- Пешакот од добиените повреди починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош Струга констатирал смрт. Увид извршила екипа на ОВР Струга - стои во информацијата на СВР Охрид. 

Претходно, како што е наведено, во 6.05 часот било пријавено дека У. Д. се оддалечил од домот на роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.  

Се преземаат мерки за расветлување на настанот.  сс/сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан