• четврток, 26 март 2026

Пет претстави на „КУ ФЕСТ“ во Куманово

Пет претстави на „КУ ФЕСТ“ во Куманово

Куманово, 31 август 2025 (МИА) - Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечер започнува балканскиот театарски фестивал „КУ-ФЕСТ“. Фестивалот ќе трае пет дена.

- На фестивалот има три претстави на албански јазик (1, 2 и 5. септември), една на српски јазик (3. септември) и една на македонски јазик (4 септември 2025). Отворањето на фестивалот ќе биде во понеделник во 19:30 часот, а претставите ќе се прикажуваат од 20 часот, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ 

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а наградите ќе бидат доделени последниот ден в петок на 5 септември. Влезниците можат да се набават секој работен ден од 17-20 часот на билетарницата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ по цена од 200 ден. ам/лв/

Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“ 

Остани поврзан